Кривична за Владимир Тодоровиќ за малверзации тешки 400.000 евра за изградба на мостот Око

Кривични пријави се поднесени против екс градоначалникот на Центар од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Тодоровиќ за направена штета од 400 илјади евра за мостот ОКО од проектот Скопје 2014.

Тие според Сузана Петровска од Финансова полиција извршиле прекршување на повеќе закони, неисплата на банкарски гаранци и злоупотреба ба службената положба и овластувања.

Кривична пријава е поднесена и против поранешиот секретар на Општина Центар М.Т.  и Д.Р. вработен во секторот за градежно уредување во Општина Центар за несовесно работење во службата со што нанеле штета на Буџетот од над 433.000 евра. Од Финансиска полиција соопштија дека пријавените се согласиле да ја надоместат штетата во целост и дека веќе добиле потврда од Општина Центар дека пријавените ги вратиле паричните средства на сметка на општината на 30 јуни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e