Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Василево

СВР Струмица поднесе кривична пријава против В.С.(51) од село Едрениково, и Л.Н.(45) од село Василево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Во периодот од 27.02.2014 до октомври 2017 година пријавениот, соопшти денеска МВР, како градоначалник на Општина Василево, спротивно на Законот за изменување и дополнување на законот за јавните претпријатија, донел пет решенија за именување на второпријавениот за вршител на должноста директор на ЈПКД „Турија“ – Василево, и покрај тоа што не ги исполнувал предвидените квалификации за потребниот степен на образование за наведеното работно место.

На 21.11.2016 година второпријавениот, како вршител на должноста директор на ЈПКД „Турија“ – Василево, спротивно на Законот за административните службеници, изготвил и потпишал решение за распоредување на јавен службеник на раководно работно место во наведеното јавно претпријатие, кој исполнувал предвидените квалификации за потребниот степен на образование за наведеното работно место.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e