Крива Паланка: Објавен е огласот за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа

Од 1-ви август е отворен јавниот оглас за вклучување на евидентирани невработени лица од територијата на општина Крива Паланка во Програмата Општинско – корисна работа. Истиот ќе трае во следните 10 работни дена, односно до 14-ти август.

Јавниот оглас е врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РМ (АВРМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Крива Паланка, согласно Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година усвоен од Владата на Република Македонија. Програмата Општинско–корисна работа е финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РМ.

Јавниот оглас може да го најдете на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e