Котески: Киното Манаки уште еден кич во центарот на Битола

Прес конференција
Благојче Котески, советник во Општина Битола од редовите на СДСМ
Битола, 16.03.2017

Почитувани сограѓани

На 300 m oд архитектонскиот бисер на Битола, Офицерски Дом, во самото срце на градот, на Широк Сокак, со тргањето на тарабите се откри кичот во изградбата на така нареченото Кино Манаки.

Изградбата на овај објект со големина одскоро400 m2(378 m2) опфати период од 2 мандати на Талески а за истиот се фрлени, според информации од Општина Битола, околу 900.000,00 евра.

Оваа градба иако беше најавувана како објект кој ќе се вклопи во старата архитектура на улицата и со својата автентичност ќе не потсетува на старите конзулски денови од едно минато време, испадна да биди ругло на Широк Сокак.

Објектот кој беше најавуван, од страна на градоначалникот Владимир Талески и ДПМНЕ како архитектонски украс на Широк Сокак и автентична копија т.е. реконструкција на киното Корзо на браќата Манаки, денес чаршијата, битолчани го нарекуваат гулабарникот на Широк Сокак.

Наместо материјали кои ќе отсликуваат едно време искористени се стиропол и пластифициран лим, кој на ниту еден начин не може да се вклопи во амбиенталноста на улицата.

На потрошени милионски суми во евра,Битола и битолчани денес требаше да имаат објекти со кои ќе се гордеат и со кои ќе се фалат.
Објекти кои ќе го претставуват духот на конзулска Битола.

Почитувани сограѓани,

Доаѓа време кога во Битола ќе биде вратено достоинството и угледот на Битола и битолчани!

Доаѓа време за Живот во Битола!

Доаѓаат луѓе кои ја сакаат Битола!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e