Костадинов на работна средба во Валандово

Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов вечерва беше во Валандово на работен состанок со раководството на општинската организација.

-Во Валандово се инвестира како никогаш досега. Само во еден многу важен проект каков што е системот за наводнување јужно вардарска долина со вредност од 26 милиони евра, ги решаваме проблемите за наводнување за површина од над 2.000 хектари, истакна Костадинов.

Дополнително изградени се улици, булевар, нови паркови, реконструирани се училишта и многу други проекти кои се од особена важност за граѓаните. Не застануваме тука, продолжуваме уште посилно, дополни Костадинов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e