Изгоре викендичка од удар на гром во Скопско

Изгоре викендичка од удар на гром во околината на Скопје. Според полицијата, вчера околу 21.50 часот во Единицата за информации и команда Скопје, Т.Т. пријавил дека во селото Нова Брезница од удар на гром целосно била опожарена викенд куќа сопственост на Б. В. (50) од Скопје.

Пожарот бил изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита. Екипите интервенирале од 21.40 до 1.10 часот по полноќ. Од пожарот биле зафатени 200 метри метри квадратни. Пожарот го гаснеле пет возила со 11 пожарникари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e