Градоначалникот на Крива Паланка бара јавно извинување од порталот ДоказМ.инфо за јавно изнесени невистини

Градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, од порталот ДоказМ.инфо, чиј сопственик е лицето Марјан Стаменковски, побара јавно извинување од страна на медиумот за како што вели градоначалникот изнесените на 31.07.2018г невистини, во спротивно ќе поднесе тужба за клевета до надлежните органи.

“На 31.07.2018 година преку порталот ДоказМ.инфо, имате објавено невистини со текст цитирам “Дали има нешто помеѓу паланечкиот Градоначалник Борјанчо и неговата секретарица Ивана (само еден господ знае, добро де и пола Паланка)”, со која содржина намерно сакате да ме омаловажите пред почироката јавност како неморален човек и функционер, со намера да наштетите на мојот углед, со што силно ја имате повредено мојата чест и углед во градот и пошироко.

Поради наведеното, барам од Вас во рок од пет дена по приемот или објавувањето на писмото – Барањето, кое ќе биде објавено на ист начин како Вие ја имате објавено клеветата, да дојдете во мојата канцеларија во Општина Крива Паланка, да се соочиме и да ги извадиме аргументите за истакнатите наводи, или јавно да се извините за дадените клевети, крајно лажни и над се со срамна содржина, на начин како што се и објавени.

Доколку не го сторите тоа најавувам поднесување на граѓанска Тужба до надлежниот Суд против Вас лично, а согласно одредбите од Законот за граѓанска одговорност за наведената клевета, со што ќе Ве изложам на високи судски и адвокатски трошоци и со надомест на нематеријална штета”, се вели во известувањето на градоначалникот.

38195954_10155633353057196_8578300736775913472_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e