Герила акција „Иди зима“ во Битола за предупредување од загадувањето во зима

Денес Битола се разбуди со герила знаци за предупредување од загадувањето.
Негрижата на локалната власт продолжува, а отсуството на одговорност и игнорирање на ситуацијата само го проширува и продлабочува проблемот со загадувањето во Битола, посочуваат активистите. Затоа, битолските активисти поставија знаци на шахтите. Да потсетат дека „Иди зима“.

Битола е град со најголем број на заболени од малигни неоплазми. Секоја нова зима како и претходните, не се преземаат никакви мерки, иако загадувањето е огромно. Секоја нова зима како и претходните, Битолчани се болни и умираат. И во летните месеци нивото на загаденост е покачено, но зимата за Битола е погубна!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e