(ФОТО) Кривопаланечкото село Луке ќе добие нов водовод

Градоначалникот на општина Крива Паланка  Борјанчо Мицевски денеска во Министерството за животна средина и просторно планирање потпиша договор за отпочнување на изградба на водовод во село Луке.

Општина Крива Паланка ќе добие финансиска поддрша од МЖСПП за изработка на основниот проект за водоснабдување, секундарна мрежа,  во неколку населби во село Луке.

Средствата во висина од 1.500.000 денари се обезбедени според  Програмата за управување со водите за 2018 година на Министерството за животна средина и просторно планирање, а се наменети  за изработка на основен проект за водоснабдување на населбите Просарци, Камењарци и Мачорци, с. Луке, Крива Паланка –  Секундарна мрежа.

Во прилог погледнете што опфаќа договорот кој беше потпишан денеска меѓу градоначалникот Мицевски и Министерот Дураки.

3

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e