(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Кр.Паланка го одбележа денот на полицијата и безбедносните сили

-Полициската работа е исклучително сложена, често носејќи опасни жоменти по животот. Да се биде службеник на Македонската полиција да се носи сината униформа е чест и гордост. Соработката на полициската станица со сите локални институции, со општината и останати државни институции е на високо ниво и се надевам ќе продолжи во иста насока за сите заеднички да придонесеме за побезбедна Крива Паланка, изјави командирот на ПС од ОН, Крива Паланка, Дејан Маринковски на денешното обраќање по повод одбележувањето на Денот на полицијата ,7 мај, во Крива Паланка.

policijadelegacija

Одбележувањето отпочна со положување цвеќе на спомен -бистата на загинатите бранители од Крива Паланка, Момир Стојановски, Горан Стојановски и Јане Јакимовски, пред Полициската станица од општа надлежност, Крива Паланка.

branitelidecaНа спомен бистата цвеќе положија делегација од општина Крива Паланка, предводена од претседателката на општинскиот Совет,Изабела Павловска, делегации од МВР, СВР Куманово, ПС ОН-Крива Паланка, делегација од посебна единица на МВР, пратеничката во Собрание на РМ Слаѓана Митовска со делегација од ОК на ВМРО-ДПМНЕ, делегација на ОО на СДСМ Крива Паланка, Здружение на загинати бранители на Македонија 2001-2015, ОРОРМ, членови на семејствата на загинатите бранители.

braniteli

Одбележувањето продолжи во спортската сала “Петар Поп Арсов” каде се одржа 16-тиот Меморијален турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители.
На турнирот учествуваа 10 екипи, припадници на повеќе единици и оддели во МВР и останати почитувачи на ликот и делото на бранителите.

-Турнирот е спомен и оддавање почит на Момир, Јане и Горан, на нашите чеда кои ги дадоа несебично своите млади животи за татковината, но и на сите Македонски синови кои во 2001 бранејќи ги суверенитетот и имтегритетот на државата,ги положија жиботите за подобро утро на сите граѓани на Р.Македонија. Ако од вечноста можеме да проговориме, ќе кажеме дека хероите не умираат, туку остануваат вечно запаметени во историјата на Македонија, рече Владе Стојановски, претседател на Здружение на загинати бранители на Македонија 2001-2015.

31956758_10211785309056390_1865968457510551552_nЛокални меморијални турнири во чест на бранителите се одржуваат во градовите ширум земјава,а победничките екипи одигруваат средби на централен Меморијален турнир под покровителство на Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

vojnici sovetnicka grupa sdsmdelegacija

slagj oficeri

braniteli part

31961600_10211785300336172_4089278889833005056_n

31958792_10211785308936387_9168529122710781952_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e