(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Денеска поставен Камен темелник на пешачко-рекреативна патека во Крива Паланка

Во реонот на населбата Чука во Крива Паланка денес беше поставен камен темелникот на пешачко-рекреативната патека која ќе се гради по трасата на поранешната вада, во шумскиот предел со видик над градот.

SAMSUNG CAMERA PICTURES
Патеката ќе биде направена во рамки на проектот „Туризам без граници“ кој општина Крива Паланка го имплементира со општина Витина, Република Косово, во рамки на ИПА-Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Косово,а дел е финансиран и од општинскиот буџет.

DSC04548

Истата ќе биде со должина од 868 метри со вкупна вредност од околу 5 милиони денари. Со изградбата на патеката ќе биде запазен рекреативно-спортскиот сегмент во градот, со кој ќе се воведат нови содржини за рекреација и активности на жителите во прекрасниот шумски предел на општината, истакна градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.

SAMSUNG CAMERA PICTURES
-Утре го славиме втори август, Македонскиот Илинден, се надевам дека овој чин на поставување камен-темелник ќе биде уште една симболика во она што се нарекува македонска самобитност, државност и опстојување на македонскиот народ низ вековите и историјата. Оваа рекреативна патека е заслуга на општинската администрација, не треба да се припишува на мене како градоначалник, ниту на некој по мене кој ќе дојде, туку заслуга е на сите луѓе од проектниот тим кои напорно работеа и на апликацијата , а работат напоредно и на други апликации за проекти во интерес на граѓаните, рече градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.

DSC04538Мицевски се заблагодари од име на граѓаните до општинската администрација и проктните тимови, бидејќи, како што рече, се она што го прават, е во насока на општо добро на сите Кривопаланчани.
На поставувањето камен-темелник официјално беше воведен во работа изведувачот „Белешков инженеринг ДООЕЛ“, Крива Паланка.

SAMSUNG CAMERA PICTURES
Посака инвеститорот и изведувачот на градежните работи да имаат непречена, успешна работа, со запазување на роковите, за да може, како што рече, кон крајот на годината, веќе и граѓаните да ја користат патеката.

DSC04527 20180801_110818

SAMSUNG CAMERA PICTURES

eu logo

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e