Душевно болно лице се обидело да расече полицаец кој асистирал на екипа на Брза помош

Полициски службеници вчера во 15.35 часот во Куманово и асистирале на екипа на Итна медицинска помош за да го пренесат душевно болното лице Т.М.(44) од неговиот дом во Нервното одделение во Медицинскиот центар-Куманово каде што бил пациент.

Кога дошле во домот на Т.М. тој делувал смирено, но кога полицијата му укажала да појде со екипата на ИМП, тој од работната маса на кујната турнал кујнски сад под кој се наоѓал кујнски нож со кој замавнал кон полицаецот со намера да го погоди во градите.

Т.М. бил спречен во намерата од друг полицаец кој му ја фатил раката и откако го доведеле во состојба на послушност, од раката му го отстраниле ножот. Со медицинско возило бил транспортиран во Нервно одделение, а потоа во Душевна болница Бардовци-Скопје. По овластување на Јавен обвинител, увид извршила увидна екипа од СВР-Куманово. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e