Детали за „Скопјанка“: Жителите мислеле дека е фрлен солзавец во влезот

Во текот на вчерашниот ден околу 18.50 часот било пријавено дека во влезот брoj „1“ на булевар „Кузман Јосифовски Питу“ се чувствува непријатна миризба и граѓаните се жалат на печење во очите и дека претпоставуваат дека најверојатно е фрлен солзавец.

Излезено е на местото на настанот при што е констатирана силна непријатна миризба. Од страна на Противпожарна екипа отворени се сите врати од помошните простории, по што миризбата се изгубила, освен на вториот кат во стан сопственост на С.С.(64), каде истата живее со нејзината ќерка и двајца внуци.

Од страна на екипа на АРМ со апаратура е констатирано дека се работи за амонијак од употребени пелени.

Станот е исчистен од страна на екипа на Комунална хигиена. На местото на настанот излегле и служби од Министерство за Здравство – Центар за јавно здравје, Дирекција за заштита и спасување и Меѓуопштински центар за социјални работи на град Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e