Детали од сообраќајната несреќа во Аеродром: Бабата починала, детето со потрес на мозокот

По сообраќајната несреќа што синоќа се случи во Аеродром, кога со автомобил на пешачки беа удрени баба, дедо и нивното внуче, утринава стигна информација дека бабата им подлегнала на тешките повреди.

Оваа информација  потврдена од МВР ја пренесува „Фокус“.

Имено, дедото е со повреди, но не се опасни по живот, додека пак детето кое беше со нив и беше извадено до под возилото е со скршена рака и потрес на мозокот.

„На 17.09.2018 година околу 20,05 часот во Секторот за внатрешни Скопје било пријавено дека на булевар „Србија“ товарно моторно возило „Пежо Партнер“ со велешки регистерски ознаки управувано од П.Т.(40) од Велес удрилo во пешаците В.Т.(61) и тригодишно девојче од Скопје. Во незгодата пешаците се здобиле со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Комплекс клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Во 22,45 часот В.Т. им подлегнала на повредите. Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот“, посочија и од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e