Делчево: Општинската администрација ќе ги чисти дивите депонии во централното градско подрачје

Вработените во Општина Делчево ќе се вклучат во акцијата за чистење на дивите депонии и јавните површини која е на иницијатива на ЗЕЛС, а ќе се спроведува во сите општини во државава. Акцијата ќе се спроведе на 5 мај со почеток од 8 часот, а целта е урбаниот дел на нашата општина да биде почист и поуреден.

Активноста за чистење отпад ќе се спроведе во централното градско подрачје и пешачката патека „Илин камен“ во Делчево:

-Ќе се чисти кејот на река Брегалница, на потегот од гумената брана до градскиот стадион, ул. „М.М.Брицо“ од мостот до ЈПКД „Брегалница“, а исто така ќе се чисти дворот околу зградата старо собрание и пешачката патека „Илин камен“.

За акцијата набавена е потребната опрема, ракавици и вреќи за отпад. Доколку временските услови не го дозволат спроведувањето на предвидените активности, акцијата ќе биде изведена дополнително.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e