Четиригодишно девојче загина во сообраќајка во Скопје

Четиригодишно девојче од селото Моране загина во сообраќајна несреќа кога во неа удрил мерцедес со скопски таблички.

Полицијата денеска соопшти дека несреќата се случила вчера во 13:30 часот на улицата „Цветан Димов“. Мерцедесот го управувал 62-годишниот Б.Б. од Скопје. 

Повреденото девојче е пренесено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде по укажаната лекарска помош, во 21:30 часот починало.

По незгодата возачот Б.Б. бил лишен од слобода поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“. Тој е задржан во полициската станица Бит Пазар, а денеска ќе биде изведен пред надлежен судија.

Во врска со настанот бил повреден и еден полициски службеник кој се лизнал при обид да спречи лица да го нарушат јавниот ред и мир. Тој бил префрлен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ каде му се констатирани телесни повреди.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e