Четири приоритетни инфраструктурни проекти во Крива Паланка со Програма за финансиска поддршка на рурален развој 2018

– Четири инфраструрктурни проекти во руралните подрачја и приградскиот реон се утврдени од страна на Советот на општина Крива Паланка како приоритетни за имплементација со средства до Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година.

Проектите се од различни мерки согласно Програмата и се однесуваат за обнова и развој на селата, подобрување на квалитетот на живот во селата и развој на инфраструктура во рурални средини, како и зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните подрачја.

Според одлуките од 13-та седница на Советот на општина Крива Паланка утврден е прироритет на проектите: „Изградба и реконструкција на тротоарски површини во Крива Паланка со вкупна должина од околу 5400 метри“, „Изградба на локален пат во село Голема Црцорија-делница од асфалт маала Рупје до маала Баратлици и крак школо“, во должина од три километри, „Изградба на локална патна инфраструктура Мизовски ливади-село Градец- крак 2“, во должина од 1.400 метри.

Преку Североисточниот плански регион пак, општината по Програма за финансиска поддршка на руралниот развој ќе аплицира со проектот „Реконструкција на патна инфраструктура за пристапност до манастир св.Јоаким Осоговски – село Варовиште“, во должина од 2.77 километри.

Покрај овие четири инфраструктурни проекти, во општината тековно се имплементира проектот „Туризам без граници“ со финансиси од ИПА Програмата на ЕУ за прекугранична соработка помеѓу Републикa Македoнија и Република Косово, а дел од средствата ќе ги кофинансисра и општина Крива Паланка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e