Целосно обновен возниот парк на ЈП Комуналец, Крива Паланка – за 2 години набавени 8 возила

За само една година, возниот парк на ЈП Комуналец е речиси целосно обновен. Набавени се вкупно 8 возила од кои 6 нови и 2 половни.

Општина Крива Паланка е една од општините која доби механизација преку Проектот за подобрување на општински услуги-МСИП, ровокопач со дополнителна опрема, од Јапонска амбасада добиен е камион за собирање на смет од 6м3, а преку проектот за Регионално управување на отпад во Североисточниот и Источниот плански регион обезбедена е донација од 3 возила и тоа од 4, 6 и 10м3. Со сопствени извори на финансии набавено е едно ново и едно половно возило за смет. Исто така преку општината е добиена донација од едно помошно комби возило за транспорт на луѓе и материјал.

Возниот парк е целосно обновен и во добра кондиција да се справи со сите предизвици на комунален план и 24 часовна сервисна служба во интерес на почиста и здрава животна средина.

Во наредниот период се очекува донација од 192 сада за смет со што целосно ќе се покријат сите периферни и рурални подрачја од општината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e