Целосна обнова на осветлувањето во населба Лисиче

Општина Аеродром ќе ги заменува старите со нови метални столбови за јавно осветлување, кои сега се наоѓаат во дворните места на куќите во населбата Лисиче.

Освен замената со нови, столбовите кои со години се наоѓаат во приватните дворови, ќе бидат поставени на јавна површина, односно на тротоарите. Станува збор за 265 столбови и околу 330 нови светилки, за што Општината издвои пет милиони денари.

Исто така, Општина Аеродром во текот на оваа година планира и осветлување на трговскиот центар во населбата Лисиче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e