Со автомобил прегазено 10-годишно дете, со тешки повреди пренесено е на клиники

Во текот на вчерашниот ден со автомобил е прегазено 10-дете од тетовско Теарце, информираа од МВР.

Според информациите во полицискиот билтен, вчера во 22.00 часот на регионалниот пат Тетово-с.Јажинце, С.А. (40) од с.Доброште, тетовско, управувајќи патничко возило „Опел Корса“ со тетовски регистарски ознаки, удрил во 10-годишно девојче од с.Теарце. Од ударот девојчето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Клиничката болница Тетово каде и била укажана лекарска помош. Поради сериозноста на повредите девојчето било префрлено во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Тетово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e