Аеродромци ќе протестираат секој ден во шест

Активистите од иницијативата „Сакаме Аеродром да дише“ најавија уште еден протест пред зградата на општината Аеродром поради спорниот Детален урбанистички план кој вчера на вонредна седница беше изгласан. Жителите на Аеродром вчера протестираа против планот со кој голем број на зелени површини ќе се претворат во висококатници. Жителите на Аеродром најавуваат протести секој ден во 18 часот, се до повлекување на планот на градоначалникот Ивица Коневски.

Советниците доцна синоќа ги изгласаа измените со 15 гласа „за“ и 10 гласа „против“. Станува збор за измени на деталниот урбанистички план, кои го покренаа вниманието на јавноста поради предупредувањата од советниците од опозицијата дека со него се овозможува предизвикување на еколошка катастрофа. Од советничката група на СДСМ синоќа изјавија дека се работи за шверцерско гласање, односно одлуката за измените на ДУП-от е донесена надвор од процедурите.

Градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски на социјалните мрежи напиша дека општината работи на подобрување на животот во Аеродром и порача како шпто вели граѓаните да не подлегуваат на манипулациите на СДСМ.

По усвојувањето на ДУП-от, револтираните граѓани најавија дека ќе го оспорат на Уставен суд.

РСЕ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e