8-годишно дете e тешко повредено откако било удрено од автомобил

Осумгодишно дете е потешко повредено кога во него удрил автомобил на патот Битола-Демир Хисар.

Како што соопшти полицијата, вчера околу 16,20 часот на патот Битола-Демир Хисар, во село Кукуречани, патничко возило „Цитроен“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.М. (47) од Демир Хисар, удрило во осумгодишно дете од селото Кукуречани. Од ударот момчето се здобило со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош било пренесено во Општа болница Битола каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на лекување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e