39-годишен скопјанец призна дека упаѓал во фирми и крадел паричници од ташните на вработени

Против 39-годишен скопјанец со иницијали Б.Д. е покрената кривична пријава за четири кривични дела кражба. Според полицијата Б.Д. влегувал во фирми и им ги крадел паричниците на вработените. На тој начин се стекнал со противправна имотна корист од околу 62.000 денари.

„Сите четири кривични дела пријавениот ги извршил на идентичен начин во простории од фирми – една лоцирана во централното градско подрачје и три во населбата Чаир, годинава во период од 30.04. до 06-ти овој месец. Тој влегувал во просториите на фирмите и откако ќе се уверел дека во канцелариите нема никој и дека нема да биде забележан од некого, се доближувал до работното биро на кое стоеле чантите на ошетените, ги отворил и потоа ги одземал паричниците (во три случаи), додека во еден случај го отворил работното биро кое служело како каса ги пронашол и одзел паричните сретства од дневниот промет ги ставал во џебот и незабележан од никого напуштал лице место“, велат од МВР.

Б.Д. е уапсен и во полициска станива во целост ги признал и опишал начините на извршување на кривичните дела. Од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од осум дена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e