Министерот Димковски во работна посета на Штип

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски денеска оствари работна средба со градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски.

На денешната работна со градоначалникот на општина Штип, Благој Бочварски, разговаравме за ефикасно спроведување на превентивните мерки за спречување на појава на африканската свинска чума, како и мерките што ги презема општината Штип во однос на контролите за движење на домашните свињи надвор од фармите. Општините активно се вклучени во спроведување на превентивните мерки за спречување на појава и ширење на болеста африканска свинска чума во Република Северна Македонија, истакна Димковски.

Почнувајќи од 1 септември, па се до 15 октомври, сите одгледувачи на свињи кои не ги исполнуваат биосигурносните мерки ќе добијат паричен надоместок од 3 илјади денари по грло.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e