1.672 земјоделци од Велес и околината ќе добијат картички за „зелена нафта“

Продолжуваме да ги слушаме потребите на  земјоделците за тоа каков амбиент треба да создаде Владата со цел тие да имаат рентабилно и конкурентно производство. Го исполнуваме предизборното ветување кон нив.
Од 1ви август годинава, започна реализацијата на владината мерка “зелена нафта”. Мерката предвидува 30% пониска цена за евродизел за земјоделската механизација. Со мерката ќе бидат опфатени повеќе од 55.000 земјоделци на државно ниво, од кои 1.672 од Велес и поширокиот регион. – порачаа денеска од ОО СДСМ Велес.


На овој начин кај земјоделците се враќаат околу 200 милиони денари или над 3 милони евра, средства што Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство ги обезбеди преку Програмата за директни плаќања за 2019 година.
Со „зелената нафта” ќе се намалат трошоците на земјоделците и ќе се зголеми конкуретноста на земјоделското производство, а тоа ќе донесе и поголеми приходи за земјоделците.
Владата предводена од СДСМ продолжува со вистинска грижа за земјоделците и останува посветена на мерките што обезбедуваат повеќе пари и повисок стандард за земјоделците, зголемено и  поквалитетно производство и развој и унапредување на земјоделството. За нас, зборот важи!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e