Светски самит на донер во Скопје

Околу 100 деловни луѓе од 20 земји се очекуваат на Светскиот самит на донер што ќе се одржува денеска и утре во Скопје.

Настанот го организира Меѓународното здруженије на ресторани кои подготвуваат донер, снабдувачи и производители на донер-опрема со седиште во Република Турција.

Во двата дена ќе се промовира деловниот потенцијал на оваа стопанска гранка која, според организаторите, е можност за отворање нови бизниси, но ќе се барат и партнери за заеднички вложувања во Македонија и регионот.

На Самитот ќе биде изложена и донер-опрема од 12 производители, а првиот ден, согласно програмата, за присутните од 14 часот е предвидена работилница од отворен карактер.

Меѓународно здружение на ресторани кои подготвуваат донер, снабдувачи и производители на донер-опрема брои 250.000 членки и ја преставува светската индустријата на донер со годишен обрт од еден трилион американски долари и 500 милиони оброци дневно.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e