Сок за прочистување на црниот дроб

Црниот дроб е еден од најважните витални органи во нашето тело па неопходно е да му посветите особено внимание. Ви предлагаме два напитоци за прочистување и детоксикација на црниот дроб. Едноставни и вкусни!

Сок за прочистување на црниот дроб:

  • 500 мл вода (сварена и изладена)
  • 6 свежи лимони
  • Корен од ѓумбир
  • 3 грејпфрути
  • 4 чешниња лук
  • 3-4 прстофати ким во прав
  • 3-4 листа свежа мента
  • 3 лажица ленено масло

Приготвување:

Исцедете сок од лимон и грејпфрут, лукот и ѓумбирот исечкајте ги во блендер со малку вода и исцедете ги да не останат парченца. Помешајте ги сокот од лимон и грејпфрут со вода и измешајте во блендер со кимот и лененото масло, додадете лук и ѓумбир, измешајте уште малку и напитокот е готов.

  • Сок за детоксикација на црниот дроб:
  • 125 г свежа зелка
  • 1 лимон
  • 25 г целер
  • 1 круша
  • Корен ѓумбир
  • 500 мл вода
  • свежа мента

Приготвување:

Сите состојки добро измешајте ги во блендер и испијте го напитокот. Ќе му помогне на црниот дроб што подобро да ги исфрли сите насобрани токсини од организмот.

Со овие напитоци би требало да го почнете денот. Не мора да ги консумирате наеднаш, туку наизменично.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e