Каков ефект се постигнува доколку јадете еден месец по две банани дневно?!

Повеќето луѓе немаат време за конзумирање на здрава храна и се почесто посегнуваат по брза храна.

На научниците и нутриционистите им е чудно зошто повеќето луѓе на запад и покрај одличните а пред се природни намирници не се хранат здраво.

Да земеме на пример две банани. Тие се омилена храна на мајмуните, што и не е така чудно, бидејки се вкусни и хранливи.

Нутриционистите тврдат дека со само еден месец од кога ќе почнете да јадете по две банани дневно, здравствена состојба ќе ви биде значително подобрена!

Еве како и зошто:

– Бананите содржат многу малку натриум, но многу калиум, што е одлично за регулирање на крвниот притисок и здравјето на срцето. Научниците откриле дека дневна доза на банани може да го намали ризикот од срцев удар дури за 40%.

– Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како што се запек, јадете неколку банани. Тие се одличен извор на влакна и брзо ќе ги реши вашите проблеми со цревата.

– Се чувствувате исцрпени и без сила? Бананите ќе ви ја обезбедат многу потребната енергија, и се одличен избор за ужина пред вежбање! Спортистите ги имаат редовно во своите торби.

– Ако на вашето тело му треба железо, бананите можат да помогнат. Супстанциите на бананите го стимулираат производството на црвени крвни зрнца и хемоглобин, па значително помагаат на слабокрвните луѓе.

– Одлични се за против болки во грлото и кашлица!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e