4 знаци на предупредување дека партнерот манипулира со вас и вашите емоции

Најтешкиот дел од манипулација во врската е тоа дека многу често не сте ни свесни дека тоа се случува. Манипулативните луѓе прават пресврт на вашите мисли, дела и желби во нешто што подобро им одговара на нив и како тие го гледаат светот.

На следниве работи треба да бидете внимателни за да се осигурате дека тоа нема да се случи со вас.

Поради него се чувствуваш крива

Манипулацијата секогаш започнува со вина. Ако тој може да те убеди да се чувствуваш виновна за нешто што не си го направила, тогаш тој знае дека ќе бидеш подготвена да го направиш она што го бара од тебе.

Поради него, се сомневаш во самата себе

Зошто му е толку лесно да манипулира? Бидејќи ќе те донесе до состојба каде самата нема да си веруваш во себе. Така, манипулаторите ја користат вашата несигурност и ја насочуваат против вас. Тие постојано ги користат вашите слабости, така што ќе ви “покажат” дека со нивна помош, може да бидете подобри.

Те прави одговорна за неговите емоции

Манипулаторите се иронични, во смисла дека трошат многу време на “убедувајки ве ” дека не можете да се грижите самите за себе, а потоа тие ќе ве натераат да сте одговорни за начинот на кој тие се чувствуваат. Ако се тажни, вие сте криви. Ако се лути, повторно сте вие криви, затоа што сте направиле нешто лошо. Иако постојано ќе ви стават до знаење дека не сте во можност да го контролирате својот живот, едноставно ќе ве окривуваат и ќе ве прават одговорни за емоциите кои ги имаат.

Те убедува дека го сакаш она што тој го сака

На почетокот на секоја врска постојат одредени “барања” и “правила” на двете страни, но, како односот се развива и зајакнува сосема нормално дека ќе дојде до компромис. Што не е нормално? Кога целосно ќе мора да го ставите настрана она што вие го сакате за да го задоволите партнерот. Ако сфатите дека потребите на вашиот партнер се исполнуваат многу почесто од вашите, постои добра шанса дека сте во врска со манипулатор.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e