(Видео) Колач од лимон кој е хит на интернет

Доколку имате малку лимон и буквално 5 минути време, тогаш пробајте го овој неодолив рецепт којшто се прави за кратко време, а на интернет владее општо „лудило“ за него.

Ви го пренесуваме најдобриот рецепт за брауни од лимон на којшто никој не може да му одолее.

Состојки:
– 100 грама брашно;
– 150 грама шеќер;
– Прстофат сол;
– 2 јајца;
– Кора од еден лимон;
– 2 лажици лимонов сок.

За прелив:

– 100 грама шеќер во прав;
– 3-4 лажици лимонов сок.


Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови. Подмачкајте го малиот плех со димензии 20 х 20 сантиметри. Помешајте го брашното, шеќерот и солот. Потребно е да ги изматите јајцата, кората и сокот од лимон. Помешајте ги состојките и ставете ги во плех.

Печете околу 20 минути. Оставете да се излади, па прелијте го со глазура.

Глазура:

Помешајте го шеќерот во прав и лимоновиот сок.

Пријатно јадење!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e