Витаминот Д е еден од најтешките за внесување во доволни количини, особено во зимскиот период, затоа што истиот се создава по природен пат во човечкото тело, кога тоа е изложено на сонце.
Витаминот Д се наоѓа во путерот, млекото, морската риба, рибиното масло, жолчките… , но најпрвинс ако забележите барем 2 од следниве симптоми, потребно е почесто да ја внесувате оваа храна.
Слабост во мускулите
Ако чувствувате слабост во мускулите, а не вежбате или не сте претерано активни, на мускулите и ткивото им недостасува витаминот Д.
Тага
Според едно научно истражување, луѓето со ниско ниво на витамин Д во организмот почесто патат од депресија, затоа што тој го поттикнува влијанието на хормонот на среќа.
Поспаност
Една студија од 2012 конечно покажа дека витаминот Д влијае на сонот, односно колку и да спиете имате чувство на малаксаност.
Мрзливост
Ако често пати имате недостаток на желба за физичка активност, повторно за тоа е задолжен витаминот Д, односно неговиот недостаток. Промената на расположението исто така е уште еден знак за поголема потреба од храна богата со витамин Д.
Кршливост на коските
Витаминот Д го поттикнува растот на коските, па ако имате недостаток во организмот, вашите коски значително ќе ослабат.
Освен тоа, повозрасните, луѓето со поголема телесна тежина, лицата со потемен тен, доилките и трудниците треба да внесуваат дополнителна количина на витаминот Д.