Погледнете ги стапалата – нов симптом кој се појавува во раната фаза на коронавирусот

Шпанските лекари откриваат уште еден симптом што го забележале во најраната фаза на болеста кај пациенти заразени со корона.

Иако несаканите ефекти на болеста „Kовид-19“ варираат од личност до личност, шпанските експерти сега ги испитуваат лезиите на стапалата што се појавиле кај некои пациенти во раните фази на болеста.

Поточно, ова се лезии што личат на сипаници, се вели во извештајот.
Според дерматолозите, бројни случаи на пациенти во Италија, Франција и Шпанија биле пациенти заразени со корона вирус кои имале лезии на нозете, за што сведочат тие.

Овој симптом беше особено видлив кај тинејџери и деца, но некои возрасни, исто така, имаа слични знаци на нозете.

„Овие се виолетови лезии, многу слични на мали и големи сипаници, кои обично се појавуваат на прстите на нозете и нормално зараснуваат без да остават траг“, се вели во соопштението на докторите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e