По препорака на Д-р.Оз – едноставен пијалак за губење на тежината

Популарниот американски лекар измисли ефективен пијалок кој придонесува во борбата со килограмите.

Доктор Оз, во кој верува цела Америка и многу гледачи на неговите емисии од целиот свет, безброј пати ја фали моќта и ефектот од зелениот чај, особено за чистење на телото и одржување на виталноста.

Токму зелениот чај е база на магичниот пијалок за губење на тежината кој го создал овој популарен лекар. Портокал и нане во зелениот чај е рецепт за пијалок кој го забрзува метаболизмот и го чисти телото и е идеален за оние кои имаат намера да се решат од вишокот на килограми.

Како што веќе споменавме Д-р Оз често укажува дека само една чаша зелен чај е доволно за чуда – го забрзува метаболизмот за 12 проценти, го регулира нивото на шеќер во крвта, го намалува ризикот од срцеви напади и различни форми на рак, го зголемува имунитетот, но исто така и влијае на расположението. Ако не ви се допаѓа вкусот на зелениот чај, вкусните додатоци како гореспоменатите портокал и нане ќе ви помогнат да го засакате овој здрав пијалок.

Состојки:

1 литар вода

5 кесички од зелен чај

1 портокал

една рака свежо нане

 

Начин на подготовка:

Во еден литар топла вода, додадете пет кесички од зелен чај. Оставете ги така околу 3 минути и потоа извадете ја и оставете да се излади. Портокалот исечете го на парчиња. За пијалокот користите непрскан портокал, за да може да го исечете без да го лупите, или во спротивно тргнете ја кората, но оставете го белиот дел. Во голем сад или стомна со капак сипете го зелениот чај, а потоа додадете ги парчињата од портокалот  и свежото нане. Затворете ја теглата и оставете ја во текот на ноќта за да се обединат состојките внатре. Половина литар е доволна количина за едно лице на ден.

Д-р Оз препорачува една чаша од овој пијалак пред секој оброк и ветува победнички битки со вишокот на килограми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e