Овој пијалок го забрзува стареењето

Ако сакате подолго време да останете младолики, избегнувајте консумирање на засладени газирани пијалаци бидејќи овој вид течности е најлош за здравјето, пишува Eat This.

Истражувањата покажаа дека редовното пиење газирани сокови доведува до зголемен ризик од дијабетес, дебелеење и срцеви болести. Но, освен што се лоши по здравјето, исто така придонесуваат и за побрзо стареење.

Едно истражување покажа дека пиењето на еден или повеќе слатки газирани пијалаци дневно се поврзува со ризик од кардиоваскуларни болести и со ризик од мозочен удар.

Газираните сокови можат да предизвикаат и прерано стареење на ниво на клетки. Научниците откриле дека луѓето кои пијат повеќе газирани пијалаци имаат пократки делови на ДНК на крајот на хромозомите внатре во нивните бели крвни клетки.

Скратените теломери во белите крвни клетки се поврзани со намалена долговечност и зголемен ризик од хронични болести.

Консумирањето слатки газирани пијалаци е поврзано и со промени во цревните бактерии и цревната микрофлора, воспаленија и оксидациски стрес. Сето ова е поврзано со предвременото стареење.

Експертите советуваат газираните пијалаци да ги замените со поздрави варијанти на течности.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e