Овие луѓе не смеат да јадат моркови

Руската докторка Олга Корабљева за Спутник откри од што боледуваат луѓето кои не смеат да јадат моркови.

Според неа, морковите се корисни за кожата, кардио-васкуларниот систем, за диети чија цел е намалување на телесната маса, но штетни се за луѓето со болести на црниот дроб.

„Во случај органот да не е здрав, не може да го разложи каротинот. Моркови не би требало да јадат и луѓе кои страдаат од чир на желудник или црева, како и оние кои имаат воспаление на ѕидовите на тенкото црево“, вели докторката.

Нејзин совет е во текот на избор на моркови да внимавате да не бидат меки и рапави, ниту да имаат пукнатини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e