Овие чаеви се најдобар избор во случај на напнатост, несоница и стресни ситуации

Кога сте лошо расположени или под стрес, искористете ги даровите на природата – лековитите билки кои смируваат и го подобруваат расположението.

Иако вашите грижи нема целосно да исчезнат по шолја чај или тинктура, одредени билки можат сериозно да ве опуштат, а особено се погодни во текот на оние недели кога има недостиг на сончева светлина надвор или кога сте напнати, оптоварени или се наоѓате во стресна ситуација.

Треварката Ришел Робинет истакнала неколку омилени билки за подигнување на расположението и најефикасни начини како да ги искористите нивните предности:

Кантарион

„Ова е една од најчесто користените билки за добро расположение“, истакнува Робинет. Тоа е веројатно затоа што кантарионот е моќен и има смирувачко дејство, но таа истакнува дека поради неговото силно дејство, како и можноста на неговото влијание на лекови, пред употреба консултирајте се со вашиот лекар.

Како се користи: оваа билка е пријатна како чај, но можете да ја користите и во облик на капсули или тинктура.

Шипка

Ако вашето нерасположение потекнува од огорченост или лутина, се верува дека шипката го „омекнува“ вашето срце. „Таа влијае на вашата емоционална состојба на навистина убав начин“, вели Ришел. Таа објаснува дека шипката поттикнува смирени чувства и ги намалува ризиците од појава на панични напади.

Како се користи: направете чај или сок од шипка и уживајте во овој смирувачки напиток.

Маточина

Маточината помага во емоционалното „чистење“ и поттикнува радост. Оваа билка е одлична за ментална детоксикација, а истовремено смирува и подмладува.

Како се користи: консумирајте ја во вид на чај, инхалација или како етерично масло.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e