Ова е најлошата положба за спиење, предизвикува бројни здравствени проблеми

Секој од нас е навикнат на одредена положба на спиење која му одговара. Меѓутоа, позиционирањето на телото во одредена положба влијае лошо врз нашето здравје и може да доведе до здравствени потешкотии.

Едно истражување од 2016 година покажало дека 16% од луѓето обожуваат да спијат на стомак, но токму оваа положба е погрешна и многу штетна.

Алекс Сави, тренер и експерт за спиење и основач на „Sleeping Ocean“, компанија која продава душеци и неврологот, д-р Пјетро Лука Рати откриле дека само една ноќ спиење на стомак може да предизвика болки во телото, особено во вратот и грбот. Доколку често ја практикувате оваа положба, постои ризик од појава и на посериозни проблеми.

„Повеќето проблеми кои ги предизвикува спиењето на стомак се резултат на позиционирањето на ‘рбетот. Кога лежиме на стомак, ‘рбетот се искривува и се јавува напнатост и напрегање. Мускулите во грбот исто така може да страдаат, поради што наутро се јавуваат болки“, тврди Сави.

„Покрај сколиоза и кифоза кои се најчести деформации на ‘рбетот, може да се јави и лордоза – искривување на предната кривина на лумбалниот или вратниот дел од ‘рбетот“, вели физиотерапевтот Кристен Гасник.

Таа положба на телото создава зголемен притисок на долниот дел на грбот.

Според мислењето на експертите, оваа положба на спиење е поврзана и со хроничните болки во грбот. Притисокот на вашиот грб и на ‘рбетот во текот на ноќта е голем во оваа положба. Бидејќи ‘рбетот не е поставен во природна положба, поради тоа повремено ќе чувствувате тапа болка или ќе имате потреба да се истегнете.

Освен тоа, може да дојде до трајно оштетување на вратот бидејќи за да можете да дишете додека лежите на стомак, ќе мора да ги свртите вратот и лицето на едната страна. Токму тоа создава притисок, бидејќи го врти вратот спротивно од ‘рбетниот столб.

Може да се појават чворови и напнатост, а со тоа и болки.

Освен кај горниот дел од телото, оваа положба на спиење може да доведе и до проблеми со колковите бидејќи тие не се во удобна и природна положба.

За оние кои сепак не можат да се одвикнат од оваа положба на спиење, експертите препорачуваат да ставите перница под нозете, а може и една под колковите. Со тоа долниот дел од грбот ќе биде во неутрална положба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e