Нови факти за сонот

Сонот е важен за добро да се чувств увате, но и за здравјето на целитот организам. Еекспертите не запираат со истражувањата за идеалното траење на сонот во едно деноноќие. Имено, зошто на едни им се доволни 7 часа, додека други не можат да се наспијат ниту за 10 часа?!

Следниве неколку митови за спиењето ги разработи Неил Стенли експерт од Британското здружение за сон (British Sleep Society).

Осум часа се доволно?

Не за сите, покажува праксата. Секој човек има свои индивидуални потреби за сон, а тоа пред се зависи од генетските фактори. Најдобро е да не ги броите часовите и минутите кои ги минувате во спиење, туку наједноставно да откриете низ пракса – после колку часа сон се чувствувате ведри и енергични, толку ви се потребни за квалитетно функционирање.

Не постои претерување?

За жал постои. Недоволно сон е речиси исто што и претерувањето со сон, односно прекумерното спиење.

Навика за кратко спиење?

За жал, од своите генетски норми тешко е да се оддалечиме. Можно е да се навикнеме на недоволно сон и оргaнизмот да го привикнеме на тој начин на функционирање, но доколку телото не може да се обнови ситуацијата ќе биде негативна. Во тој случај постои ризик од прејадување, диабетис и кардиоваскуларни заболувања.

Спиење во различни кревети со партнерот?

Некои луѓе поцврсто спијат кога има некој до нив да ги топли, а исто така се чувствуваат побезбедни покрај партнерот. Но, во повеќето случаи ги буди токму нивнитот партнер во креветот. Затоа доколку поубаво спиете одделно така и правете, тоа не му штети на вашиот однос, а дури е и подобро бидејќи ќе станете наспиени и посреќни, а не да се расправте за украденото ќебе.

Децата ќе заспијат сами кога ќе се уморни

Тоа му доаѓа како ќе престанат да јадат сладолед кога ќе се најадат. Секако дека постојат и такви деца, но повеќето одат на спиење по ритуалите и рутинатa ги наведува на одење во кревет во точно определено време што е особено важно за детскиот раст и развој, но и за детската психа .

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e