Намалете го Вашиот стомак и до 2,5цм преку ноќ

Сакате Вашето тело да биде цврсто? Обидете се со облог од гумбир. Со конзумирање на ѓумбирот ќе се забрза метаболизмот, а со тоа ќе се губи телесната тежина. Сличен ефект има и ако на телото ставите облог од ѓумбир.

Еве како можете да го користите:

Што е потребно:

-лажица ѓумбир во прав(или свежо рендан)
-неколку лажици лосион за тело
-пластична фолија
-крпа
-еластичен завој

Принцип на работа

Крпата потопете ја во топла вода и опколете го  делот од  телото каде сакате да го ставите облогот од ѓумбирот. Оставете така неколку минути за порите на телото да се отворат. По потреба повторете го ова уште еднаш.

Измешајте го ѓумбирот со лосионот за тело и оваа мешавина нанесете подебел слој на саканото место и потоа обиколете го телото неколкупати со видлива фолија. Врз фолијата ставете еластичен(или обичен) завој.

Немојте да стегате премногу.

Оставете да делува барем четири часа,  а ако не Ви претставува проблем и цела ноќ.

На почетокот можеби ќе почуствувате пецкање,но не грижете се бидејки тоа е знак дека маската делува. Оваа маска е добра бидејки ги смалува масните наслаги околу стомакот или друг дел кој Вие сте го избрале.

Напомнуваме дека резулатите се уште подобри ако сте упорни, правилно се храните и редовно вежбате. Исто така со додавање на ѓумбирот во секојдневната исхрана, ќе го зголемите дејството на маската и ќе изгубите уште повеќе центиметри во стомакот.

Имајте на ум дека резултатите ќе варираат од личност до личност. Центиметрите кои ќе ги изгубите зависи од Вашиот метаболизам, нивото на активност и исхраната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e