Мушмула – го чува здравјето на мозокот, помага при анемија, го намалува заморот…

Мушмулите, некогаш многу популарни на нашите простори, денес се речиси заборавени. Се работи за лековито овошје кое благотворно делува на целиот организам.

Со векови мушмулите се користат за регулирање на варењето и за сузбивање на цревните и желудочните воспаленија. Тие се моќен природен лаксатив. Поради своето антибактериско дејство, ја ублажуваат кашлицата, тонзилитисот и дишните патишта. Бидејќи се природен лаксатив, не треба да се консумираат премногу одеднаш бидејќи може да предизвикаат дијареа.

Богати се со витамин Ц, калиум, калциум, железо и витамин Б, па најдобро е да ги измиете, пресечете и јадете свежи.

Освен што е вкусна, мушмулата е и лековита и здрава:

Создава хемоглобин

Железото е витален дел од хемоглобинот кој помага во создавањето на кислород, а потребен е и дополнителен хемоглобин бидејќи губиме крв поради надворешни или внатрешни повреди.

Мускулна функција

Железото кое се наоѓа во мушмулите е неопходно за одржување на здрави мускули, бидејќи без железо, мускулите ја губат еластичноста и тонусот.

Го чува здравјето на мозокот

Мозокот користи 20% кислород, а мушмулите помагаат во неговото снабдување.

Помага во регулирање на телесната температура

Мушмулите помагаат во регулирањето на телесната температура, што значи дека метаболичките функции и ензимските функции се случуваат при оптимални температури и опкружување.

Помага при анемија

Анемијата е предизвикана од недостаток на железо во организмот, а мушмулата помага во заздравувањето.

Го намалува заморот

Помагаат во ублажување на замор кај мажите и жените и со дневен внес му помагаат на телото да остане здраво и енергично во текот на денот.

Го зајакнува имунитетот

Мушмулата му помага на телото да се бори против разни инфекции и болести.

Крвните клетки се од витално значење за обезбедување на кислород до ткивата, оштетените органи и клетки, па затоа редовното внесување на мушмула помага да се зајакне одбранбениот механизам на телото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e