Лековитите билки се опасни?

Неодамна британските експерти излегоа со официјален став дека билките за кои луѓето сметаат дека се лековите во поголемиот број случаи може да предизвикаат поголема штета отколку полза.
Критиката ги погоди токму застапниците на методите на лечење со народна медицина во голем број земји ширум светот.

Професорот Едвард Енерст од Универзитетот во Ексетер во јавноста ги изнесе фактите со кои ги убедува современите луѓе дека лекувањето со билки било својствено и ефективно за древните народи од Кина и Индија, но за современиот човек може да го имаат спротивниот ефект.
Како потврда на ова тврдење се наведуваат и ставовите на специјалистите дека секое растение има способност во себе да ги таложи вештачките ѓубрива и атмосферските токсини кои за човековото здравје претставуваат сериозен удар во сучај на предозирање.
На пример, тие сметаат дека љубителеите на чајот од нане имаат проблеми со ерекцијата, а камилицата во големи колични е одговорна за нарушување на месечниот циклус кај жените.
Освен тоа, британските доктори нагласуваат дека растворот од жен-
шен може да биде штетен за лицата кои не ретко имаат висок крвен притисок.
Во светот на природните лекови познатото растение гинко може да е причина за појава на крварење доколку лицето кое го употребува има проблеми со кардиоваскуларниот систем и зема аспирин. Тие нагласуваат дека вакви примери има уште многу, па затоа треба да бидете внимателни со чаевите, тинктурите и растворите од билки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e