Крем супа од брокула

Едноставен рецепт за крем супа од брокула, полна со витамини и идеална за целото семејство.

Брокулата има 2.5 пати повеќе витамин Ц од цитрусите. Најдобро е да се консумира свежа или подготвена на пареа. Ако ја варите, внимавајте времето на термичка обработка биде што пократко.

Колку повеќе ја варите брокулата, помалку вредни состојки остануваат во неа.

Потребни состојки:

една свежа китка брокула
1 црвен кромид
1 морков
1 компир
малку павлака за готвење
сол, бибер

Начин на подготовка:

Измијте ги и исчистете ги морковот, кромидот и компирот, па исечкајте ги. Ставете ги во тенџере да се варат. Пред крајот на варењето, додадете цветови брокула бидејќи за неа е потребно најкратко време за варење.

Кога ќе омекнат со рачен миксер изматете ги сите состојки или ставете ги во блендер. Откако ќе добиете течна чорба, додадете од павлаката и оставете да се вари уште неколку минути.

Послужете додека чорбата е топла.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e