Колку месо смееме да јадеме?

Постои општо мислење дека црвеното месо треба постојано да се обидуваме да го избегнуваме, додека рибата би требало да биде застапена секоја недела на вашето мени. Но, што е всушност правилно? Нутриционистката Џо Холингтон открива како всушност треба да го категоризираме месото, и колку треба да јадеме.

Нутриционистката Џо Холингтон одлучила да ја разреши оваа дилема, односно на својот Instagram профил објавила колаж фотографија на која се прикажани три видови на месо – бело, црвено и месо од риба.

Во однос на тоа, под бело место се мисли на пилешко, црвено се однесува на јагнешко и говедско, додека за риба се мисли на харинга, туна, лосос.

Џо на секоја од фотографиите означила величина на порција која е идеална за секое лице.
img-380289

Според тоа, таа објаснува дека е пожелно сите видови на месо да бидат застапени во вашата храна, но на овој начин – порција црвено месо би требало да одговара на величината на внатрешноста на вашата дланка, без да ги сметате прстите.

Идеална величина пак, од друга страна, за една порција риба изнесува половина дланка и два прста.

Според прикажаната фотографија научете го оваа правило, кое може да ви биде од голема корист во иднина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ