Јапонска лековита маска за лице која ги брише годините од вашето лице

Дали сте знаеле дека оризот како козметичко средство се користи со векови а посебно е ценет во рецептите на јапонските убавици?

Богат е со витамин Б, со што го стимулира растот и обновувањето на клетките, го успорува нивното стареење и го подобрува снабдувањето на кожата со крв – она што е потребно за блескав изглед на вашето лице.

“Наоружајте” се и вие со тајните на младоста и убавината на јапонските жени и спречете го предвременото стареење на кожата.

За да се задржи вашата кожа во совршена состојба и да се спречи предвременото стареење на кожата, користете маска од ориз.

Оваа лековита маска за лице со ориз, млеко и мед ке стане ваша омилена, бидејќи по нејзината примена кожата ке стане нежна, мека, светла и сјајна.

Подготовка на јапонска маска од ориз:

Земете 2-3 лажици сиров ориз и сварете го додека добро не омекне. (Оризот го ставате во ладна вода, постепено го загревате и така го готвите) Течноста која исто така ќе ја подоцна користите, исцедете ја и сипете ја во посебен сад.

Варениот ориз измијте го со вода и додадите една лажица топло млеко. Измешајте ја смесата и додадете една лажица мед.

Маската нанесете ја во дебел слој на чистата кожа од вашето лице и врат.

По половина час внимателно тргнете ја маската и измијте се со течноста од варениот ориз.

Освен наведените корисни особини на оризот, течноста од варениот ориз содржи антиоксиданси и има карактеристична апсорпција на ултравиолетови зраци. Може да се чува во фрижидер 4 дена. Користете го утро и навечер како лосион за лице. Можете да го замрзнете во калапи за мраз и го користите како коцка мраз за масажа на лицето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e