Истражување: Намалeни висцерални масти и тежинa

Научниците предлагаат четири чекори за  намалување на проблемот со дебелиот стомак и висцералните масти и тоа: вежбање, диета, спиење и управување со стресот.

1. Вежбање  Интензивно ги намалува сите ваши масти, вклучувајќи ги и  висцералните масти.

Вежбајте умерено најмалку 30 минути, најмалку 5 дена во неделата. Брзото одење во кое ќе се потите и ќе го забрзате ритамот на срцето е сосема доволно за почеток.За да се добијат истите резултати за половина време ќе мора да го засилите темпото и наместо брзо одење треба да трчате по 20 минути,4дена во неделата.

Тоа не мора да биде класично трчање на спортски терен или по некоја патека.Доволно е да одите на Зумба или пак да играте фудбал со Вашите деца.

Кога ќе се почувствувате повеќе спремни можете да го зголемите и темпото и времето, а може и да користите справи како велосипед или пак некоја друга фитнес опрема,вели истражувачот   д-р Крис Сленц.

2. Исхрана: Не постои магична исхрана за стомачните масти. Но, кога се губи тежина при секоја диета, стомачните масти се први.

Внсувајте доволно растителни влакна,најмалку 10 грама на ден. .Истражувањето на научникот Херстон покажало дека доколку внесуваме по 10 грама растителни влакна на ден,ќе успееме да ги намалиме нашите висцерални масти,без притоа да менуваме нешто дополнително во исхраната.

Тоа може да се постигне со конзумирање на 2 јаболка на ден или чинија зелен грашок или пак половина чинија грав. Дури и ако се префрлите на леб кој содржи повеќе влакна,со текот на времето ќе можете повеќе да ја оддржувате вашата тежина,вели Херстон.

3. Спиење :  Треба умерено да спиете. Во една студија која траела 5 години, луѓето кои спијат  6 до 7 часа добиваат помалку висцерални масти во споредба со оние кои спиеле 5 или помалку часа или 8 или повеќе часа. Спиењето може не е единственото нешто што е важно ,но тоа е дел од сликата.

Стресот 4:  Секој има стрес. Како да се справи со тоа е важно. Од најдобрите работи што можете да направите вклучува опуштање со пријателите и семејството или пак медитација.Ова Ве прави поздрави и подобро подготвени и продуктивни, што ќе Ви помогне да ги направите вистинските одлуки.

“Ако може само да си дозволите време да  практикувате  барем една од овие работи би било добро,иако вежбањето има најголем, меѓутоа и моментален ефект

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e