Ехо прегледите во бременоста – причина за појава на аутизам?

Појавата на аутизмот се поврзува со низа причини. Една од најраспространетите заблуди е дека причина за оваа болест се вакцините. Иако овој мит е разбиен од експертите ширум светот дел од луѓето и натаму веруваат во него.

Во последно време друга исто така распространета заблуда е дека растројствата од спектарот на аутизмот може да бидат предизивикани од многукратните ултразвучни ехо прегледи во текот на бременоста. Бремените жени се почесто минуваат ехо прегледи, а на пазарот се појави и мал ехо апарат за користење во домашни услови, велат медицинските лица.

Паралелно на тоа расте и бројот на заболени од аутизам во последните години поради што некои го поврзуваат големиот број на случаи со се почестите ехо прегледи. Експертите од Бостонскиот Универзитет одлучија да ја одгатнат дилемата – дали има конкретна зависност?

Биле студирани 400 деца, од кои дел биле здрави, дел страдале од невротични нарушувања, а кај дел бил дијагностициран аутизам. Според истражувањето кај мајките на здрави деца и децата со аутизам во бременоста во просек биле направени шест ултразвучни прегледи. Тоа, како што објаснуваат експертите, значи дека плодовите се развивале со практично идентични услови. Единствено било забележано дека во некои случаи ултразвучните бранови проникнале подлабоко во ткивата на плодот – кај тие деца почесто се јавувале аутистични растројства.

Педијатрите анализирајќи ја статијата заклучиле дека таква мала и незначителна разлика во проникнувањето на брановите при ехо прегледите не може да биде причина за серизоно нарушување како што е аутизмот. Заклучокот на повеќето медицински лица е дека ехо прегледот не може да биде причина за аутизам или за било каква друга болест.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e