Диета против стареење

Ако сакате да го забавите процесот на стареење и да си го продолжите животниот век, тогаш ова е вистинската диета за вас. Во основата на оваа диета против стареење, постои список на производи чие внесување најмногу го забавува процесот на стареење.

Целта на оваа диета е да се намали внесувањето на калориите за 30 проценти од стандардното внесување и да се користат производи, минерали, витамини и други есенцијални нутритиви, кои допринесуваат во одржувањето на виталната функција на телото. Користејки ја оваа диета, можете да го подобрите здравјето, да спречите појава на дијабетес (или да го контролирате), како и заболување на срцето, Паркинсонова и Алцхајмерова болест.

Стареењето е резултат на многу грижи кај многу лица (најчесто женскиот пол) на кои им е многу тешко да се соочат со реалноста, но сепак потребно е да разберете дека стареењето е природен процес и за жал секој мора да помине низ него.

Меѓутоа…

Не е се така мрачно. Правилно избалансираната исхрана, внесувањето на одредена храна е клуч на младоста! Пред вас е листа на производи за диетата против стареење, која може да ви помогне во потрага за втора младост и виталност.

Омега-3 масни киселини против брчки и воспаленија

Во оваа група намирници се наоѓаат: пастрмката, лососот, сардините, туната, харингата…

Рибата содржи омега-3 и омега-6 масни киселини. Оваа киселина ја намалува манифестацијата на разни воспалени процеси во организмот кои доведуваат до затворање на порите на кожата, акни и повремени појави на брчки.

Ореви

Јадете неколку ореви секој ден. Оревите содржат големи количини антиоксиданти, витамин Е и незаситени масни киселини.

Зелен чај

Пијте најмалку две шољи зелен чај дневно. Тој е проверен чудотворец кога станува збор за заштитата од болести и стареење.

Маслинов зејтин

Перфектно корисен за меморијата. Маслинките содржат мононезаситени масти и витамин Е кој го смалува нивото на лош холестерол, а го зголемува нивото на добриот холестерол.

Овошје и зеленчук

Јадете 500 до 1000 кг овошје секој ден. Изберете разни врсти на овошје и зеленчук во разни бои. Секој ден јадете голема порција свежа сезонска салата. Овошјето и зеленчукот содржат големи количини витамини и минерали кои го забавуваат стареењето.

Пијте 1,5 литри течност дневно

Најдобри опции се вода и зелен чај. Помалку пијте кафе и сок, тие го „испробуваат“ вашето тело. Навечер пијте шоља чај од камилица-тоа помага да се опуштете.

За доручек пијте обезмастен јогурт и млеко

Изберете јогурт со бифидо бактерија. Морате да пиете околу 1,5литри обезмастено млеко дневно. Подобро да го испиете после тренинг. Јогуртот содржи здрави бактерии за здрав дигестивен тракт и имунолошки систем, спречува проблеми поврзани со стареењето..

Секој ден јадете 100 гр. храна богата со протеини

Тоа е пилешко, мисиркино, јајца, мешункасти растенија и немасно сирење. Ако вежбате многу, потребни се повеке протеини – од 1,2 до 1,5гр дневно на еден килограм од телесната тежина.

Варење

Важна улога во процесот на стареење игра и вашето варење. Затоа лекарите препорачуваат да се јадат повеќе продукти кои содржат влакна кои помагаат да се подобри варењето. Меѓу тие производи се леб од овес, кафеав ориз, ореви, семки, овошје, зеленчук и грав. Сите овие продукти ги стимулираат цревата и го заштитуваат нашето тело од многу проблеми. Покрај тоа, влакната го намалуваат нивото на холестерол и го обновуваат нормалното ниво на шекерот во крвта

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e