Дебелите луѓе живеат подолго?

Прекумерната телесна тежина води до низа болести. Но, се смета дека подебелите луѓе поретко умираат од кардиоваскуларни болести што се нарекува „парадокс на дебелината“. Чудно, но вистинито и научно потврдено!

Според најновото истражување на медицинските експерти од САД дебелината не влијае баш добро на состојбата на срцето и крвните садови, но сепак генерално подебелите луѓе поретко умираат од овие болести. Кај пациентите со вишок килограми порано биле откриени здравствените проблеми со срцето и крвните садови поради што и порано почнувале со терапија, за разлика од луѓето со нормална или помала телесна тежина.

Специјалистите набљудувале речиси 200 000 лица во текот на 10 години. Најголем ризик од инфарк имало кај луѓето на возраст од 40-59 години со вишок килограми. Само кај 32% од мажите со нормална тежина имале проблеми со кардиоваскуларни болести. Дебелеењето пак го зголемувало ризикот. Секој втор маж со вишок килограми односно 47% од испитаниците и секоја трета жена или 38.8% од испитуваната женска популација станале пациенти кај кардиолог.

Колку поголем индекс на телесна тежина толку поголем ризик од кардиоваскуларни болести. Самото истражување покажало дека луѓето со нормална телесна тежина живеат подолго . Послабите мажи во просек живееле 5.6 години подолго од оние со прекумерна тежина. Кај жените разликата била помала, односно две години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e