8 намирници за покачување на железото во крвта

Недостатокот на железо, медицински познат како сидеропенија, е еден од најчестите здравствени проблеми кој се должи на малнутриција. Малнутриција се јавува при неадекватен внес на потребните хранливи материи (во овој случај намален внес на железо). Доколку оваа состојба не се третира, се јавува железо дефицитна анемија која ги вклучува следните симптоми и знаци: замор, малаксаност, вртоглавица, опаѓање на косата, бледило, лупање на срце, главоболка, кршливи нокти, пика итн.

Со цел лекување на железо дефицитната анемија, потребно е да се нормализира нивото на железо во крвта. Освен готовите препарати на железо, значајна улога во постигнување нормално ниво на железо, има и адекватната исхрана.

Затоа, дознајте кои намирници се богати со железо.

Спанаќ

spanakj
Спанаќот е еден од најбогатите природни извори на железо. Покрај железото, ова растение изобилува со витамин А и Е, калциум, растителни влакна и протеини.

Најдобро е спанаќот да се консумира сиров, но доколку не сте љубители на вкусот на сировиот спанаќ, вклучете го како додаток во пита, вегетаријанска лазања, омлет и сл.

Леќа

lekja

Леќата е одличен извор на железо, а освен тоа е богата и со растителни влакна, што значи дека по оброкот ќе бидете сити подолго време. Дополнително, леќата помага за намалување на холестеролот и за регулирање на шеќерот во крвта.

Може да ја вклучите во сендвичи и салати или да ја приготвите како супа.

Џигер

gjiger
Животинските нутрици како што е џигерот, се одличен извор на железо. Џигерот е богат и со витамини А, Д, Е и Ц, фолати, протеини, а во траги може да се најдат и бакар и цинк.

Џигерот може да го вклучите во вашето секојдневно мени како додаток во супи, да го приготвите на скара или да го комбинирате со грашок, боранија, бамја – изборот е ваш.

Сепак, џигерот не треба да се консумира во изобилство, бидејќи содржи високо ниво на холестерол, што може да предизвика други здравствени проблеми.

Семки од тиква

semki
Семките од тиква се идеални за на вашето тело му ги обезбедите потребите минерали. Покрај со железо, тие се богати со манган, магнезиум, фосфор и цинк. Семките од тиква го подобруваат имунитетот и благодарение на антиоксидансите кои ги содржат, го штитат организмот од канцерогени промени. Затоа, вклучете ги во вашата секојдневна исхрана.

Може да ги набавите како готов производ или да ги одделите од тиква и сами да ги испечете.

Црвено месо

meso
Црвеното месо (телешко, јагнешко, свинско) е богато со железо, цинк, фосфор и Б витамини. Со цел стабилизирање на нивото на железо во крвта, се препорачува да биде вклучено парче црвено месо во 3 оброка неделно.

Внимание: Не се советува пречесто консумирање на црвено месо, затоа што може да има негативни ефекти врз здравјето и да промовира појава на кардиоваскуларни болести или одредени типови на канцер.

Темно чоколадо

temno cokolado
Квалитетното темно чоколадо изобилува со антиоксиданси, полифеноли, витамини и минерали. Тоа го намалува ризикот за кардиоваскуларни болести и има антиканцерогено и антиинфламаторно дејство. Темното чоколадо изобилува со манган, магнезиум, селен, бакар и се разбира, со железо. Затоа, доколку имате дефицит на железо, консумирајте неколку коцки темно чоколадо 3-4 пати неделно.

Избирајте чоколадо со колку што е можно повисок процент на какао (минимум 60-70%).

Сусам

susam
Сусамот е уште една здрава намирница која изобилува со железо. Освен тоа, сусамот е богат со цинк, бакар, витамин Е, магнезиум и фосфор.

Ова семе помага во превенција на остеопороза, го намалува холестеролот и го подобрува здравјето на крвните садови. Затоа, вклучете го во вашето секојдневно мени како додаток во салата или во главното јадење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e