Зошто Русија и ја продаде Алјаска на Америка за смешни пари?

Алјаска денес е една од најбогатите сојузни држави во САД со природни ресурси на  јаглен, дрво и помалку нафта, заедно со рудни минерали и злато, па се поставува прашањето зошто Царска Русија во 19-от век се реши да ја продаде за сума која можеби тогаш била навистина солидна но, мала ако се земе во предвид огромната земја, нејзината стратешка положба и природниот потенцијал.

Проблемот со Алјаска лежи во лошиот менаџмент на оваа колонија од страна на русите кој најпрво добро започнал со Руско Американската Компанија водена од писателот Александар Баранов кој развил голема трговија во градот Новоархангелск со експлоатација на кожа, изградба на фабрики и бродоградилишта.

По неговата смрт компанијата е водена претежно од екс воени офицери од кралската руска морнарица кои себе си поставиле огромни менаџерски плати, но нивната алчност довела до речиси целосно истребување на дивиот свет со што е уништена кожната индустрија, а трговијата и експлоатацијата на суровини не знаеле како да ја искористат на најдобар начин.

Потоа започнала и Кримската војна во која Русија губела многу пари, немале веќе контрола над морињата од опасната британска морнарица и решила што побрзо да побегне од американскиот континент.

Во 1867 година во Новоархангелск е предадена власта за тогашни 7.2 милиони долари што за денешни услови е навистина огромна сума на пари, па затоа никој не може да тврди дека договорот од американска страна не бил фер. Денес постојат бројни петиции и барања Алјаска повторно да и биде вратена на Русија, но на сите им е јасно дека тоа воопшто не е реално.

Извор: Фактор

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e